Бејли до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна опозиција

Од:

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, му го честита изборот на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вашето стапување на оваа важна функција доаѓа во време на голема можност за напредок на Македонија во насока на аспирациите за безбедност, просперитет и инклузивна демократија, целосно интегрирана во НАТО и Европската Унија. Како најголема опозициска партија во Собранието ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да игра конструктивна улога во зајакнувањето на демократските процеси и владеењето на правото, како и унапредување на односите со соседите“, стои во честитката.

Понатаму се додава и дека САД очекуваат продолжување на соработката не само со Владата туку и со опозицијата и во врска со соочувањето со глобалните закани како тероризмот.

„Се надеваме дека во 2018 година ќе изградиме уште посилни односи помеѓу нашите две држави“, стои во неговата честитка.

Би можело да ве интересира

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни