Сведокот Трајковски од случајот со малата Вања и се предаде на полицијата

Од:

Скопската полиција извести дека денеска Гоце Трајковски, сведок од случајот „Вања“ сам и се предал на полицијата.

Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата по Вања.

Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања.

Трајковски е осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар во скопска Кисела Вода.

Трајковски требаше да сведочи на судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, но беше недостапен за органите на прогон. Судијата на почетокот на последното рочиште информираше дека добил известување од МВР дека сведокот Гоце Трајковски не е достапен на органите на прогонот.

Обвинителката Жаклина Трајковска, рече дека Обвинителството не го повлекува предлогот за негово испитување, бидејќи, како што рече, постои можност да крајот на постапката да стане достапен и биде испитан за околности кои се значајни за постапката.

На брифинг со медиумите во Основното јавно обвинителство на 11 декември минатата година беше посочено дека Гоце Трајковски е осомничен за палење на објект во Кисела Вода во кој на горниот кат имало станари. Индикативно е дека настанот за кој е осомничен е неколку дена пред изјавата дека го боли глава за давање исказ пред Судот.

За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче се обвинети четворица извршители – Љупчо Палевски Палчо како првообвинет, и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

Би можело да ве интересира

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, се изведуваат дополнителни докази

Катерина Ѓуровски

Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

Видевски не бил на работа на денот на убиството на Вања, немало пробно пукање со неговиот пиштол

Палевски со снимки докажува дека тројца, а не четворица го грабнале Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

Ќе се изведуваат дополнителни докази, продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче