Бегалците кои треба да стигнат од Авганистан ќе бидат тестирани, а по три дена и вакцинирани

Од:

Посебни лекарски тимови ќе ги пречекаат бегалците од Авганистан кои треба да пристигнат во земјава. Сите ќе бидат тестирани за Ковид-19, невакцинираните ќе бидат вакцинирани, а ќе им бидат на располагање и останати здравствени услуги, доколку има потреба за тоа.

„Разработивме препорака со оглед на ситуација и со оглед на што организирано може да дојде една поголема група луѓе, да се пречекаат како што треба, да им се пружи и здравствена помош доколку е потребна, ние не знаеме каква е ситуацијата таму. Ќе стигнат жени, деца затоа ќе дојадат гинеколошки тимови, педијатриски, матични лекари за сите за да видиме да не е евентуално потребна лекарска помош. На сите ќе се направи ПЦР тестирање, а невакцинираните по два или три дена од тестирањето ќе бидат вакцинирани. Тоа ќе се спроведе во хотелите каде што ќе бидат сместени. Тоа е договорено. Карантин нема да има заради тоа што има ПЦР тестирање и гледаме дали се вакцинирани“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Нема препорака за изолација ниту на триесеттемина Македонци кои работеле во Авганистан, кои веќе стигнаа во земјава.

Владата презеде обврска за прифаќање на околу 650 граѓани, локално население од Авганистан.

Според досегашните најави станува збор за вработени и нивните жени и деца во хуманитарните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка на НАТО силите во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска