Бегај и го честиташе изборот на Давкова: Убеден сум дека заедно ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу нашите земји

Од:

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на Република Северна Македонија, која е прва жена на чело на државата, јави Ора њуз.

Во објава на својот профил на платформата Х изразува верба во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји.

– Честитки, Гордана Силјановска-Давкова, првата жена избрана за претседател на Република Северна Македонија. Убеден сум дека заедно дополнително ќе ги зајакнеме традиционално многу добрите односи меѓу нашите пријателски земји, како земји членки во НАТО и идни членки во ЕУ, за што Албанците во РСМ остануваат целосно ангажирани, напиша Бегај во објавата на Платформата Х.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

А1он

Сиљановска-Давкова: Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот

Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

Сиљановска-Давкова: Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример, членките на ЕУ треба да ја превенираат

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

А1он

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон

Катерина Ѓуровски