Беџети: Утре поднесувам кривична пријава

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети за утре најави дека ќе поднесе пријава за клевета и навреда против пратеникот на ДПА Беким Фазлиу.

По завршување на тридневниот ултиматум што министерот му го даде на опозицискиот пратеник за јавно извинување, Беџети решил да го предизвика пратеникот на суд, јави Alsat.

„Морално и етички е и политичарите да понесат одговорност за јавно искажаниот збор. Ова е целта поради која најавив тужба. Сакам да ја информирам јавноста дека тужбата е во постапка и утре ќе биде поднесена соодветна пријава пред надлежниот суд. Верувам дека ова ќе служи како позитивен пример за сите нас што се занимаваме со политика и вршиме политички функции да не го злоупотребуваме имунитетот и да се криеме зад него“, вели министерот Беџети.

Би можело да ве интересира

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески