Беџети: Наводите на пратеникот Фазлиу се тешка клевета заснована на лаги

Од:

Наводите на пратеникот на опозицискaта ДПА Беким Фазлиу од говорницата на Парламентот се тешка клевета, заснована на лаги. Како и секогаш оваа личност инсистира да придобие политички поени и да го врати  нејзиниот персонален рејтинг внатре во партијата по дебаклот на локалните избори, вели во писмена изјава министерот за правда Блерим Беџети во врска со прашањето на пратеникот упатено до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за тоа дали е разрешен случајот со клубот „Шери“ во Градскиот парк.


– Сакам да ја информирам јавноста дека присуството на службените лица во текот на полициските акции никогаш не треба на ниеден начин да го спречи нивното спроведување. За разлика од вас од ДПА, ние никогаш не сме инсистирале да ја спречиме работата на институциите на системот, ниту пак сме ги злоупотребиле истите, посочува Беџети.


И тоа, истакнува министерот, е се што се случило таа вечер, акцијата  во споменатиот локал се спроведе според сите правила,  а шпекулаците  во врска со инволвирањето на луѓето што беа со мене, овој пат им ги оставам на волјата за ексклузивност на веста во медиуми.


– Но, сакам да истакнам дека Беким Фазлиу оди уште подалеку со својата фантазија, велејќи нешто што ни во медиумите  не беше е кажано, дека кај мене е најдено нешто противзаконско, наведува Беџети.


Единствената вистина дадена во медиумите за мене поврзана со случајот е дека „јас бев во тој момент таму и на ниеден начин моето присуство не ја попречи акцијата“.


– Сите други информаци во оваа вест се само „разубавување“ на веста за атракција. Барам од пратеникот Беким Фазлиу  да не се крие зад имунитетот во говорницата. Јас како министер ќе се обидам да го решам случајот во целост, вели во писменета изјава министерот за правда Блерим Беџети.

Би можело да ве интересира

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски