Беџети и Јанкулоска на неформален состанок на министри за правда и внатрешни работи во Даблин

Од:

Министерите за правда и за внатрешни работи Блерим Беџети и Гордана Јанкулоска од денеска учествуваат на неформалниот состанок на министрите за правда и за внатрешни работи на ЕУ, како и од земји кандидати за членство во Унијата што се одржува во Даблин, Република Ирска, во рамки на ирското Претседателство со Советот на ЕУ.

Целта на неформалниот состанок е актуелизирање на приоритетите во областите правда и внатрешни работи, како и дискусија за најважните прашања.

Меѓу теми за кои ќе стане збор се организраниот криминал и неговите импликации врз националната безбедност, особено од аспект на економските штети и последици. Според соопштението од МВР, предвидено е свое обраќање на форумот да има и министерката Јанкулоска.

На состанокот е најавено учество на министри за правда од земјите членки на ЕУ, еврокомесари, претставници од агенциите на Унијата и од останати меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ