А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Баздникин: Потенцијалот на руско-македонската соработка е огромен

by А1он14/02/2019 - 12:58132
Share0

Со изрази на сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа во која загинаа 14 лица, рускиот амабасадор Сергеј Бездникин денеска го започна пригодното обраќање за изложбата организирана по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

Тој говорејќи на македонски јазик, нагласи дека историјата на односите меѓу двете земји и двата братски народа не е само четврт век туку е многу побогата и има длабои корени со повеќевековни врски.

-Гледајќи наназад во неодамнешното минато очигледно е дека има многу работи на кои можеме да се потсетиме и да се гордееме. Голем број планови и проекти веќе се реализирани. Во некои работи можеби сме можеле и повеќе, но никогаш не сме наметнувале ништо, не сме се мешале во внатрешните работи ниту имаме намера да го правиме тоа во иднина, рече амбасадорот Баздникин.

Тој подвлече дека потенцијалот на руско-македонската соработка е огромен.

– Русија се залага за натамошно унапредување на соработката со Македонија, толку блиска и интензивна колку за тоа е подготвена македонската страна за проширување на истата. Убеден сум дека развојот на билатералните релации ќе одговара на очекувањата на народите на нашите две земји, на интересите на мирот, безбедноста и стабилноста на Балканот, но и во цела Европа, рече рускиот амбасадор, кој сподели дека токму тој ја превел нотата од 1993 година пристигната од тогашна Република Македонија за воспостваувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Пораката од име на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој не присуствуваше поради трагичната сообрачајна несреќа, ја прочита амбасадорот Оливер Крлиу. Во неа се потсетува дека дипломатски односи со Руската Федерација беа воспоставени на 31 јануари 1994 година, значаен и сложен период за нашата земја. Овој чин на пријателска Русија со кој беше поддржано нашето право на самооппределување и независност на нашата држава, засекогаш ќе остане врежан во нашата национална меморија. Отогаш се посочува, добрите стабилни и пријателски односи се развиваат и денес се движат во вистинска насока особено кога е во прашање соработката во економијата, културата, образованието.

-Светот во кој живееме за жал не соочува со нови предизвици и бројни непознати. Заканата за светскиот мир и стабилност се постојано присутни и бараат од нас и активност од секој член на меѓународната заедница. Заедничка ни е загриженоста за глобалните и регионалните проблеми. И покрај тоа што понекогаш може да имаме разлики во анализите и во пристапот кон решавањето на проблемите, заедничка ни е потребата и настојувањето на нашите деца да им оставиме побезбеден и подобар свет за живеење. Во овие тешки времиња најважно е трпеливо да ги бараме и да ги пронаоѓаме оние заеднички основи што го поврзуваат човештвото. Република Северна Македонија и Руската Федерација, македонскиот и рускиот народ ќе продолжат по тој пат и во иднина, потпирајќи се на вековната мудрост, вродената трпеливост и традиционалното пријателство, се наведува во писмото од Димитров.

Изложбата, која беше отворена во холот на Македонската филхармонија, е посветена на историјата на руско-македонските односи, а е изготвена во соработка со Државниот архив на Република Северна Македонија.

rusija

Би можело да ве интересира

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 12:21

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:40

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:5308/03/2026 - 13:53

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 19:57

Американски разузнавачи: Русија индиректно се приклучи на војната, помагајќи му на Иран во нападите врз американските трупи

Предраг Петровиќ06/03/2026 - 18:55

„Вашингтон пост“: Русија го „храни“ Иран со разузнавачки податоци за американските воени објекти

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен