Бауер: Од влезот во НАТО, Северна Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи

Од:

Од влезот во НАТО, Северна Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи. За три години Северна Македонија постигна импресивно ниво на воена интеграција во НАТО, посочи на денешната прес-конференција претседавачот со Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, кој е во посета на нашата држава.

Адмиралот Бауер на заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски посочи дека покрај придонесите што нашата држава ги дава на Алијансата, како што е поддршка за борбените групи во Бугарија, Латвија и Романија и на Косово, трупите на Северна Македонија служат под знамето на НАТО во мировна мисија.

-Вие придонесувате и во силите за одговор на НАТО кои ја гарантираат безбедноста и одбраната на сите сојузници. Од влезот во НАТО Северна Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи. За три години постигнавте импресивно ниво на воена интеграција во НАТО адаптирајќи ги вашите структури и сили на потребите и барањата на НАТО и ја зголемивте вашата имперабилност, рече Бауер.

Петровска на прес-конференцијата потсети дека Северна Македонија заедно со сојузниците во Вилнус ја реафирмираше определбата за вложување на најмалку 2 проценти од бруто-домашниот производ во одбраната и тоа, како што рече, целосно е реализирано.

-Северна Македонија е столб на регионалната безбедност. Ќе продолжиме да придонесуваме со свои сили во мисијата на НАТО на Косово, затоа што сме убедени дека регионалната безбедност и стабилност мора да биде пред се и над се. Само така можеме да создадеме регион кој е просперитетен и кој ќе продолжи да живее во мир и демократија, рече Петровска.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на прес-конференцијата рече дека го информирал адмиралот за тековните процеси на вооружените сили, како и за реформите и трансформацијата на нашата Армија, операциите кои ги организиравме во земјата, но и НАТО воените операции.

Би можело да ве интересира

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ