Барањето на торбешите за гласање по Бадентер не доби зелено светло

Од:

За мнозинството пратеници не е оправдано барањето на тројцата пратеници, торбеши, Фијат Цаноски, Рејхан Дурмиши и Мевмет Џемајловски за автентично толкување на член 64 од Изборниот законик.

„100-тина илјади припадници на торбешката заедница, се обесправени, ова е само почеток на нашата борба. Нашата изјава во собранието не важи, и не ни е дозволено гласање по бадентеровиот принцип. Да ставиме крај на дискриминаторската политика“, рече Рејхан Дурмиши.

Лилјана Поповска од ДОМ праша, зошто овие македонци со различна вероисповест, инсистираат да се нарекуваат торбеши. Зошто го земале тоа име кое им го дал некој за да ги навреди.

Според неа тоа е само поради желбата да покажат заедништво и да пркосат.

„ Ме боли што како држава сме незаинтересирани за болките на овие луѓе.Тие друга татковина немаат“, рече Поповска.

„Аман не не бранете. Сме докажале дека знаеме да се одбраниме. Можеби најлојалните граѓани на Република Македонија се торбешите“, и одговори Дурмиши.

„Не можев да ве разберам госпоѓо Поповска. Од што ги браневте , дојдоа во ваква состојба. Тие луѓе се изјаснуваат како торбеши. Кој е тој што може да спори со тоа. Ако се чувствувате како „марсовец“, јас ќе го прифатам тоа“, и порача на Поповска, Сафет Бишевац.

Мевмед Џемајловски потсети дека врз основа на изјавите до Државната изборна комисија, во која се изјасниле дека се торбеши, добиле , тројца пратеници.

Не му успеа обидот на велјаноски да му ја даде декларацијата на торбешите.

„Ослободете ја говорницата. Собранието не е за делење лектира“, одговори претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски