Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Од:

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ја предводеа делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата која на Карпалак положи венец во спомен на бранителите.

Беа одбележани 22 години од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“ со поклон пред заштитната ограда на автопатот крај Карпалак затоа што повеќе од две децении државата не најде начин да им изгради достоен споменик на хероите кои го дадоа животот за својата земја: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска најави дека до општина Желино ќе испрати барање за дозвола за изградба на споменик.

– 22 години поминаа, но со голема тежина во срцето, од трагичниот настан на Карпалак каде животот го загубија десетте херои на безбедносните сили. Тие несебично се одзваа на повикот на татковината и тоа никогаш нема да биде заборавено. Длабока почит и сочувство до нивните семејства. Вашите синови ќе ги паметиме вечно како херои кои за татковината го дадоа најскапоценото.

Тие заслужуваат достоен споменик на кој ќе се оддава почит. До општина Желино ќе испратам барање да биде дозволено тука да се изгради споменик и Министерството за одбрана е подготвено тоа да го реализира – истакна Петровска од месноста Карпалак.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата.

Би можело да ве интересира

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

А1он

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак, нивното дело и пожртвуваност се памети

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Десетмината прилепски бранители убиени кај Карпалак загинаа за татковината

24 години од трагедијата кај Карпалак: „Спомените за загинатите ќе се чуваат, со порака – никогаш да не се повтори“

Помина месец, полицијата уште „го бара“ заканувачот кон пратеничката Славјанка Петровска

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Горан Наумовски