Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Од:

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија, се вели во соопштението од македоснакта банкарска асоцијација.

Од таму потенцираат дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација. Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите,“ вели  Милена Перчинкова од банкарската асоцијација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Украина ќе остане без пари за две недели

Филипо: Милијарди евра доделени на Украина се користат за финансирање на тероризам

Постапка против менаџер осомничен за затајување 2,8 милиона денари

Зеленски: На Украина итно ѝ се потребни пари, се соочуваме со дефицит

Европа остана без пари за војна и сака да ги земе останатите од џебовите на луѓето, вели Орбан

Фицо: Планот на ЕУ за користење на руски средства за Украина би можел да пропадне поради сериозни ризици