Балканските медиуми известија за протестот на новинарите: Новинарите бараат крај на заканите и цензурата

Од:

Десетици македонски новинари денеска се собраа пред зградата на Владата во Скопје во знак на протест на заканите, навредите и цензурата врз нив, пишува БГНЕС, бугарска информативна агенција.

За протестот извести и „Балкан Инсајт“, сајтот на Балканската мрежа на истражувачки новинари (БИРН). Тие пишуваат дека новинари од речиси сите медиуми и претставници на невладините организации протестираа пред владата во Скопје, барајќи казна за политичарот што се закануваше на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

На протестот пред владата денеска, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани изјави дека не се плаши на насилниците и повика Владата да ги замолчи насилниците за да не станат и тие дел од таа приказна.

– Ако сега молчиме, ако сега биде замолчен, да знаете дека вие сте на ред, да знаете дека ќе дојдат утре по вас. Сакам да ве повикам да бидете будни, затоа што еден режим што испративме, нема да дозволиме да востановиме нов, оти после ќе биде предоцна, рече Селмани.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Тричасовен протест со блокада на Плетвар