Балкан Инсајт открива дека Талат Џафери, новиот министер за одбрана, во 2008 година добил шестмесечна условна затворска казна.
Судот во Тетово го прогласил за виновен бидејќи спречил полицаец да интервенира по завршување на митингот на ДУИ.
Според конечната пресудата од 2011 година, според информациите на Балкан Инсајт, судот во Тетово одлучил, тогаш пратеникот Џафери, да не го прати во затвор, доколку во рок од две години, по правосилноста на пресудата, не направи ново кривично дело.
Овој услов истекува на крајот на овој месец.