Баланс мк: Донацијата на инсулин вредна 700 илјади евра чека потпис во Министерството за здравство

Од:

Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК ја информира јавноста дека по објавувањето на информацијата за обезбедени донации од инсулините кои се дефицитарни во инсулинските аптеки во државава, и по позитивниот одговор од Министерството за здравство дека ќе ги процесуира донациите (во инсулин), согласно законските надлежности и обврски, сепак 10 дена од тогаш донациите, односно инсулините се уште не се пристигнати онаму каде што им е и местото  – во инсулинските аптеки.

„Имено како што е информирана нашата асоцијација, донацијата вредна 700.000 евра (инсулини од типовите “ново рапид“ и “левемир“) од данската компанија “Новонордиск“ се уште чека на потпис во Министерството за здравство, иако од таму добивме уверување дека сите други формалности веќе биле завршени и останал само – нечиј потпис.

Со оглед дека тој “нечиј потпис“ по правило е обична мануелна работа (да се земе пенкалото во рака, малку да се подигне над лист хартија и да се испише скртатено име и презиме) која не трае подолго од, да речеме, десетина секунди, асоцијацијата “БалансМК“ апелира до ресорното министерство, доколку е можно во што пократок рок, да ја оконча оваа “операција на потпишување“ со што ќе направат благородно дело бидејќи потребните инсулини ќе стасаат до оние на кои им се наменети – лицата со дијабетес во Република Македонија“, велат од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Министерството за здравство тврди дека сите пациенти со дијабетес примаат инсулинска терапија

Повторно има недостиг на инсулин алармираат дијабетичарите

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски