Бакрачевски: Да ставиме крај на лажните ветувања!

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ, Никола Бакрачески го најави како идниот градоначалник на Охрид. Тој бил скромен и успешен човек, посветен на својата професија и да им помага на луѓето рече Груевски кој очекува дека со истата посветеност тој ќе работи и како градоначалник на Охрид. Порача дека излегол или не излегол на избори на Петрески крајот му е ист.

„На некој начин одлуката на Црвенковски за него е спас од пораз. Тој во овој момент е и радосен, бидејки е подобро на ваков начин како што Бранко одлучил да не излезат од избори, да биде ослободен од функцијата отколку со тежок пораз тоа да се случи.И покрај тоа што бевме спречени да реализираме многу работи во Охрид, сепак успеавме да реализираме многу од зацртаните проекти“, рече Груевски.

Канидатот за градоначалник Никола Бакрачески кој во ниту еден дел од својот говор не го спомена ниту името на Петрески ниту пак СДСМ, изразувајки се поетично во стилот на песната.

„Се слушаат пискотници од Галичник до Река“, рече дека сакал од Охрид да направи поубаво место за живеење.

„Се слушаат пискотници од Даљан до Велгошти, од Косел до Љубаништа, од Биљанини извори до Лакочереј. Што тешка несреќа ги збрала и мажите и жените… Вака ќе гласеа стиховите на Григор Прличев рече Бакрачески. Но ќе бевме посиромашни за Тга за Југ на Константин Миладинов бидејки сега и снцето и овде и ваму мрачно угревјет како и таму. Черчил рекол-Ако отвориме кавга меѓу сегашноста и минатото ризикуваме да ја изгубиме нашата иднина“, поетски се изрази Бакрачески.

„Ние нема да бидеме поделени на наши и нивни тука ќе останеме за секогаш охриѓани.Дојдовме овде за да ставиме крај на лажните ветувања и истрошените догми и фрази и дека надежта на Охрид е долго време удавена“, рече Бакрачески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Почит и незаборав за прилепските бранители!

Емир Латифовиќ

Професорите му одговорија на ректорот: Престанете да манипулрате со нас

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поројни дождови во Дебарско, одрони и прекинат локален сообраќај

Емир Латифовиќ

Секој Македонец троши по 50 евра годишно во кафеана

Емир Латифовиќ