Бакрачески: Во Охрид победи демократијата, надежтта и охриѓани

Од:

Во Охрид победи демократијата, во Охрид победи надежтта, во Охрид победија охриѓани. Вчера Охрид извојува брилјанта победа, а охриѓани направија разлика помеѓу иднината и досегашното назадување на градот изјави Никола Бакрачески новиот градоначалник на Охрид.

„Вчера во достоинствена и демократска атмосфера охриѓани дадоа глас на развојот на напредокот и на чесното работење. На овие локални избори огромно мнозинство граѓани им покажаа на досегашната локална власт дека очекуваат Европски стандарди во работењето, а не патетични говори и омаловажување на Охридските цивилизациски вредности“, рече Бакрачески.

Бакрачески им се заблагодари на сите оние за кои верувале во него и неговиот тим.

„Им благодарам и на оние кои не дадоа поддршка на нас, заради некои свои определби, но убеден сум и верувам дека во иднина ќе ја препознаат нашата опција и во иднина реално ќе оценуваат кој постигнал повеќе. Поминавме сите заедно еден период на претставување на нашата програма, која понатаму ќе биде основа на нашата работа, без притоа да го спуштиме нивото на коректна политичка комуникација“, рече Бакрачески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?