Бакрачески вети намалени комунални сметки за граѓаните на Охрид

Од:

Охрид сакаме да го развиваме како град на задоволни жители, град во кој граѓаните ќе користат добро развиена инфраструктура и улици, град во кој ќе ја спречиме прекумерната урбанизација, град во кој ќе имаме решено прашање на паркинзите и цената на паркинзите. Тоа се нашите приоритети на кои ќе работиме веднаш првиот ден по преземањето на Локалната самоуправа во Охрид, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески.

Тој забележа на нелогичните одлуки на досегашната локална самоуправа за зголемување на цената на сметките на повеќе комунални услуги за граѓаните на Охрид, како сметките за вода, за комунални услуги, за одведување атмосферски води, па и за одржување на гробните места, со кои непотребно се посегнува по џебот на граѓаните.

– Јас како иден градоначалник на Охрид, сакам да ги уверам граѓаните на Охрид дека ќе заедно со мојот тим ќе имаме сосема поинаков пристап кон начинот на раководење со јавните претпријатија и ефектот од тоа работење врз услугите и врз џебот на граѓаните. Ние плански приоѓаме кон секој еден денар од приходната и расходната страна на Буџетот на Општината и на јавните претпријатија. Нема да дозволиме од парите на граѓаните да се прават, како досега, непродуктивни трошења и тоа на сметка на граѓаните, додаде тој.

Притоа Бакрачески вети намалување на цените на комуналните и другите услуги, ангажман на компетентен кадар што стручно и одговорно ќе ги вршат проценките на имот и права на реална основа, намалување на трошоците за нејасни репрезентации, на давачките за мобилни телефони, непотребните и бесцелни патни трошоци и ред други измислени давачки на општината.

– Очекуваме со ова намалување на цените на комуналните услуги да придонесеме да го релаксираме семејниот буџет на охридските семејства, рече Бакрачески уверувајќи дека ниту еден ден од неговиот мандат нема да мине без да се донесат мерки и одлуки во интерес на Охрид.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226