Бакрачески вети изградба на модерна автобуска станица во Охрид

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид од здружената коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески денеска најави дека како еден од приоритетите по победата на изборите ќе му биде изградба на пристојна, модерна градска автобуска станица, каква што, како што рече, доликува на туристички центар како Охрид.

– Сведоци сме дека туристите кои доаѓаат во градот првата слика што можат да ја видат е токму оваа таканаречена автобуска станица, место каде има неуредена јавна површина, калливи премини, дупки…Најлош впечаток за секој турист што првпат доаѓа тука. Тоа е уште една потврда за непосветеноста, незаинтересираноста и негрижата на локалната самоуправа, рече Бакрачески.

Но, тој повтори дека денешната прес-конференција не ја одржува за, како што рече, да изнесува жалопојќи, туку да ги информира граѓаните дека ја преземе обврската заедно со неговиот тим за неотпочнатите и незавршените работи.

– На ова место ќе издигнеме препознатлив објект, ново лице на градот, современа автобуска станица, изградена со сите неопходни инфраструктурни објекти и пропратни содржини…Нашата намера е ова место да стане и центар за жителите на околните населби, за граѓаните кои секојдневно патуваат кон и од Охрид, додаде Бакрачески.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме