Бакрачески најави контрола на урбанизацијата на Охрид

Од:

Градот Охрид, Старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, но урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, односно истата мора да се спроведува на начин што нема да ги доведе во прашање заштитата на неговата архитектонска препознатливост и посебност признаена од УНЕСКО, истакна новозибраниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески по денешната работна средба со директорката на НУ „Завод и Музеј – Охрид“ Тања Паскали – Бунташеска.

– Заштитно-конзерваторските основи и мислењето на оваа нациноана установа кога е во прашање урбанизацијата на градот мора строго да се почитуваат, со цел заштита на културното наследство на Охрид и неговата препознатлива архитектура, истакна Бакрачески. Тој потенцирашен дека сите активности во иднина во односната сфера ќе се спроведуваат согласно законската регулатива, за да не се случува, како што рече, неконтролирана урабанизација на градот во изминатиот период.

Директорката на „Завод и музеј – Охрид“ нагласи дека заштитно-конзерваторските основи  што ги изработува институцијата се главна смерница на процесот на урабинизацијата на градот.

– Тие претставуваат голем труд, голема анализа на секој простор од градот што се урбанизира, така што очекувам во иднина да имаме добра соработка со локалната самоуправа, се во интерес на градот, рече Бунташеска. Таа ја нагласи потребата од изработка на нов детален урбинистички план за Старото градско јадро, за да може истиот да се усогласи со Законот за Охрид, сето во насока на олеснување на процедурата за издавање дозволи за градба во тој дел на градот.

Бакрачески и Бунташеска истакнаа дека согласно Законот за Охрид и за заштита на културното наследство, ќе мора да претрпат одредени измени и двата урбанистички планови за „Табана“ и „Летница“, притоа водејќи се од препораките на охридскиот Завод и музеј, но и да се спроведат одредени усогласувања односно измени на Законот за Охрид, се со цел контролирана урбанизација на градот.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“