Бакрачески: Ќе ги намалиме цените на комуналните услуги во Охрид

Од:

Локалната самоуправа на СДСМ преку мнозинството во Советот изгласа неколку Одлуки со кои без логично објаснување ја подигна цената на сметките на неколку комунални услуги за граѓаните на Охрид и тоа цената на сметките за вода , за комунални услуги, за одведување на атмосферски води па и за одржување на гробните места велат од ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

„Со цел само да ги спаси лошо менаџираните и нерентабилни јавни претпријатија Локалната самоуправа гласаше да се подигнат цените за вода на сметките од ЈП Проаква за 20 проценти, ги зголеми цените на услугите на Комуналец за 9%, ги зголеми цените на услугите на Нискоградба за околу 15% и одреди висина за тнр.гробарина прво од 1200 денари, па потоа 720 денари годишно. да плаќаат високи даноци. Овие одлуки на мнозинството на СДСМ сериозно а непотребно удрија по џебот на граѓаните кои и онака се засегнати од економската криза“, рече Никола Бакрачески кандидат на ВМРО ДПМНЕ за Охрид.

Бакрачески ветува дека ќе биде градоначалник ќе пристапи кон намалување на цените на водата и комуналните давачки.

„Сакам да ветам пред граѓаните на Охрид дека на една од првите седници на Советот на Општина Охрид во кој мнозинство ќе имаат советниците од ВМРО ДПМНЕ ,ќе предложиме НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА КОМУНАЛНИТЕ И ДРУГИ УСЛУГИ кои се под надлежност на ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. Притоа ќе го респектираме ставот кој и досега го имаше советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид дека давачката за одржување на гробни места наместо 720 денари ќе биде 200 денари годишно“, рече Бакрачески.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме