Бакрачески: Имиџот на Охрид е лош поради високите цени на услугите

Од:

Имиџот на Охрид како туристичка дестинација поради цените на услугите не е на високо ниво не само во Македонија туку и во регионот, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

„Мое лично убедување е дека цените на угостителските услуги се нешто повисоки. Имаме недоволно изградени пакет аранжмани.Сметам дека имиџот на Охрид во овој момент е многу лош. Јавноста во Македонија и потенцијалните туристи сметаат дека угостителските услуги во Охрид се прескапи.

– И затоа ние мораме да превземеме одредени активности и мерки со кои ќе го подобрие имиџот. Затоа една од активностите треба да биде можноста за намалување на цените на угостителските услуги. И тоа е значаен чекор во менување на имиџот на Охрид како град со многу скапи услуги“, рече Бакрачески.

Советот на Охрид денеска разговараше на оваа тема, и беа разгледувани активностите кои треба да бидат превземени за да се подобри систуацијата на терен.

Охрид година се соочува со катастрофална туристичка сезона, и освен викендов речиси цело лето зјае празен.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум