Бакрачески и Иваноски презентираа андроид апликацијата за лоцирање на туристичките знаменитости на Охрид

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески и министерот за информатичко општество и администрација Иво Иваноски денеска ја презентираа новата апликација за мобилни телефони со андроид оперативен систем, на која се поставени туристичките знаменитости на Охрид.

Станува збор за апликација преку која сите корисници на современите мобилни телефонски апарати ќе можат на лесен и практичен начин да ги пронајдат на мапа сите културно-историски знаменитости на Охрид, а истовремено да ги добијат и за движење кон определените локалитети.

Како што појасни министерот Ивановски, апликацијата е изработена од Министерството за информатичко општество во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии и инженерство при Универзитеот „Св. Кирил и Методиј“, како алатка што ќе им помогне на туристите, но и туристичките водичи полесно да ги пронајдат и лоцираат убавините и културно-историските знаменитости на Охрид и на Република Македонија, преку користење на современите технологии на 21 век.

–  Станува збор за апликација што работи преку т.н. виртуелна реалност, така што сите оние корисници кои имаат можност за сателитско наведување на своите мобилни телефони ќе можат да ги разгледаат, лоцираат и посетат најзначајните туристички атракции на Охрид, рече Ивановски.

Корисникот може на апликацијата да одбере определена локација, појаснета со слика и текст, и потоа да го одбере патот односно насоката како најлесно да стигне до неа.

Министерот истакна дека во прво време апликацијата воглавно ги содржи најзначајните туристички атракции во Охрид, но е предвидено да биде збогатена со сите културно-историски и природни знаменитости низ целата држава.

Кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески истакна дека проектот претставува потврда на јасната определба на новата локална самоуправа за импементација на современите технолошки достигнувања во презентација на туристичката понуда на Охрид.

– Со овој проект идната локална власт во соработка со Министерството за информатички технологии и со државните институции ќе овозможи јасна, современа и технички олеснета презентација на културно-историските знаменитости на Охрид. Истовремено апликацијата претставува и моќна алатка за туристичките водичи во презентирањето на богатствата со кои располага Охрид, рече Бакрачески изразувајќи уверување дека проектот ќе даде дополнителен импулс во напорите за заживување на туристичката понуда на градот.

Бакрачески нагласи дека овој проект е само еден од начините како идината локална самоуправа ќе соработува со Владата на РМ и со надлежните институции на системот, начин што недвосмислено покажува дека во определбата за издигање на Охрид новата власт во градот ќе се води исклучиво од желбите за подем на Охрид како македонско, но и светско богатство.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226