Бајрами: Обвинителството регистрираше случаи на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња

Од:

Најчестите пријави кои јавните обвинителства ги евидентираа за време на изборниот ден се однесуваат на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња, информираше Џељаљ Бајрами, претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите. Тој изјави дека иако бројот на инциденти е ограничен, обвинителствата низ државата веднаш започнале постапки за нивно расчистување.

-Генерално денеска што се пријавени како настани се фотографирање на гласачко ливче или евентуално поткуп при избор и гласање. За тоа кривично дело најмногу се постапува, изјави Бајрами на вечерашната прес-конференција во ЈОРСМ.

Според информациите на ЈОРСМ, на територијата на ВЈО Скопје, ОЈО Велес испитува наводи за поткуп при гласање во селото Согле, додека ОЈО Куманово работи на два случаи на телефонски влијанија врз гласачи. Во Скопје, две лица биле задржани на гласачко место во Чаир поради одбивање да се легитимираат, а во Гази Баба се евидентирани два случаи на фотографирање гласачко ливче.
Во Охрид, по оперативни сознанија на МВР, три лица биле запрени во возило во кое биле пронајдени банкноти од по 2.000 денари и списоци на гласачи.

-По наредба на јавен обвинител, се испитуваат сите околности на случајот. Ќе се утврди дали станува збор за организиран поткуп или за индивидуални прекршувања, појасни Бајрами.

Во Кичево и Желино, обвинителствата реагираале по објави во медиумите за евентуални прекршувања на изборниот молк, а во Македонски Брод се испитува случај на нерегуларности при гласање на болно лице.
Во Тетово е заведен предмет за повреда на тајноста на гласањето, откако фотографија од гласачко ливче се појавила на социјалните мрежи.

-Генерално можеме да го оцениме дека денешниот ден е поминат мирно од наш аспект, додаде Бајрами, нагласувајќи дека обвинителствата остануваат будни и подготвени да реагираат на секој сигнал за нерегуларности.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он