Бајлозова учествувала во пресуда поволна за фирма каде работел нејзиниот син

Од:

Кандидатката за претседател на Врховниот суд, Снежана Бајлозова учествувала во пресуда која е поволна за градежното претпријатие Гранит, во време кога нејзиниот син работел таму. Без оглед на пресудата, Бајлозова не побарала изземање од предметот, поради нејзиниот конфликт на интереси.

Апелациониот суд во состав од судиите Елизабета Дуковска и Снежана Бајлозова и Роза Георгиева како членови на Советот, во мај 2015 година, одлучувајќи по жалбата за пресудата на Основниот суд Скопје 2, кој одредил сума од 4.221,951 денари кое градежното претпријатие Гранит требало да му ги исплати на Рудникот САСА од Македонска Каменица, ја преиначил пресудата.

Апелациониот суд, одлучил дека нема вина кај Гранит и пресудил рудникот САСА кој тужел да ги плати судските трошоци и да не добие никаква отштета.

Без да се навлегува во судската одлука, таа е спорна од аспект што Бајлозова не смеела да учествува и требало самата да се изземе од одлучување, без оглед дали нејзиниот син има функција или не во претпријатието.

Судскиот спор меѓу САСА и Гранит потекнува од 2009 година кога рудникот со тужба побарал 8 милиони 443. 903 денари од градежното претпријатие, откако неполна година по изградбата на колекторот за површински води цевките испукале и продирала вода. Според тужбата, но и одлуката на Основниот суд, Гранит, иако требало, не вградил двострано армирани бетонски цевки, туку канализациони цевки кои попуштиле и колекторот веќе не бил употреблив.
Судот сметал дека отстапувањето од проектот довело до уништување и неупотребливост на водоспроводот, промената на цевките не било со согласност на рудникот САСА. Судот утврдил дека за пропустот и штетата се виновни “Гранит“ поради пројавениот неквалитет и настанатата штета зашто знаеле за квалитетот на цевките кои бил должен да ги вгради но тоа не го сторил, но и надзорот кој не извршил проверка, а бил назначен од рудникот САСА.

Затоа ја поделил одговорноста и одлучил Гранит да исплати 4.221,951 денари на рудникот САСА, односно половина од побараната сума.

Сепак Апелациониот суд десет месеци подоцна, ја поништува пресудата и ја уважува жалбата на Гранит, каде работи синот на една од членовите на Советот кој одлучувал по жалбите. Одлуката ја преиначува и одлучува дека Гранит нема никаква одговорност, а Рудникот треба да му плати 306. 351 денар на Гранит за направените трошоци во судската постапка.

Апелациониот суд во овој состав утврдил дека целата вина е кај надзорниот орган на тужителот, зашто не извршил надзор и му овозможил на Гранит да вгради несоодветни цевки со несоодветен квалитет. Апелација сметала дека надзорниот орган бил должен да ги провери цевките и квалитетот и затоа целата вина ја утврдил кај него.
Бајлозова од неодамна е судија во Врховниот суд, а сега и кандидат за претседател на Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО