Бачовски: Вклучувањето во единствениот пазар на ЕУ значи пласман за македонските производи на големиот европски пазар

Од:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој стана препознатлива како институција која финансиски ги помага сите земјоделци и не служи како алатка за исполнување на партиски интереси. Нејзина основа задача е подеднакво да ги поддржува градинарите од Струмичко, Гевгелиско и Валандовско, тутунарите од Прилеп и Радовиш, лозарите од Тиквешкиот регион, овоштарите од Росоман и Преспа, полјоделците од Битола и Свети Николе, сточарите од Малишевијата и Полошкиот регион, истакна на трибината во Струмица – Македонското земјоделство на европскиот пат, Никица Бачовски, член на Централниот одбор на СДСМ и директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на трибината „Решенија што прават разлика“ денеска во Струмица.

Преку Програмите за директни плаќања, Програмата за рурален развој, Програмата за рибарство и аквакултура, како и ИПАРД Програмата годишно со финансиски средства се стекнуваат десетици илјади корисници рече Бачовски и потенцираше дека со интервентниот фонд беа субвенционирани полјоделците за набавеното ѓубре, сточарите добија дополнтелни субвенции за заклано јагне, заклани гоеници и предаден литар млеко.

– Овоштарите добија дополнителни 3 денари за предадено јаболко и слива, градинарите добија дополнителните 3 денари за предадена зелка во 2022 година и дополнителни 61 илјада денари по хектар за расадена зимска зелка во 2023 година. Дополнително беше креирана мерка за произведени домати и краставици под контролирани услови, со што беше земано во предвид замрзнувањето на цените на зеленчукот, со поддршка на оние кои беа опфатени со истото. Земја лидер сме во реализирањето на ИПАРД 2 програмата и прва земја во регионот која започна со реализација на новата ИПАРД 3 програма. Преку ИПАРД програмата ги поддржуваме откупните и преарботувачките капацитети, пред се конзервната индустрија, која потребната суровина ја добива најмногу од југоисточниот регион. Силна преработувачка индустрија е многу важна и за државата и за производителите, бидејќи освојувањето на нови пазари и пробивањето на веќе постоечките значи и поглема потреба од куртовска капија, домат, корнишон, модар патлиџан , а тоа е она што вие производителите од Струмица и овој регион најдобро знаете да го произведувате“, истакна Бачовски.

Тој нагласи дека преку Програмата за рурален развој доделена е финансиска поддршка за набавка на трактори, системи за наводнување, набавка на добиток, стимулирање на младите и жените преку грантови за набавка на опрема.

„Производството на храна станува главно прашање со кое се занимава светот. Морам да кажам дека на трудот на земјоделците гледам со посебна почит. Вашата работа е макотрпна, зависна од временски прилки и неприлики и климатските промени, на кои сите сме сведоци. Иако се зборува дека земјоделското производство се повеќе се напушта, Ве уверувам дека тоа не не обесхрабрува, бидејќи знаеме дека со континуирана финансиска поддршка преку субвенции, премии, зелена нафта и преку финансиска поддршка за модернизирање на вашето производство со нова механизација, современи пластеници и оранжерии ќе ги задржиме вистинските производители, бидејќи оние вистинските земјоделци се оние најважните за нас“, потенцираше Бачовски.

„Тоа е она за што се бореше, се бори и ќе се бори СДСМ. Наше од секогаш било да ги решаваме горливите проблеми, да ги прескокнеме препреките и да ги отвориме вратите за сегашните и идните генрации да имаат еднакви шанси а со тоа и поголеми можности и подобар животен стандард“, истакна Бачовски на трибината на СДСМ во Струмица.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје