Бачев: На 30 септември сите заедно да бојкотираме

Од:

Караванот на Кризниот штаб против референдумот вчера имаше средби со граѓаните на општинте Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

„Општ впечаток на средбите беше дека Македонија мора да се одбрани од пучистичката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар и дека граѓаните масовно ќе бојкотираат и нема да излезат на референдумот.

Граѓаните изразија голем револт од капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ“, се вели во соопштението на Кризниот штаб против референдумот.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, кој е дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации, ги повика граѓаните на бојкот и да не се плашат од притисоците и заканите што секојдневно на терен ги добиваат од власта оти после 30 септември марионетската власт ќе падне и ќе нема време да ги оствари заканите.

„Власта го губи компасот и веќе почна дури и со ноторни лаги кои ја навредуваат интелегенцијата на народот дека Македонците ќе имале бесплатно здравство и образование во сите земји-членки на ЕУ иако на секој му е јасна оваа безобразна лага. Сите заедно, старо и младо, машко и женско да не излегуваме на гласање на 30 септември и да ја спречиме марионетската власт да избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа нашата заедничка одлука за бојкот и не излегување на референдумот на 30 септември ќе овозможи Македонија да победи“, рече меѓудругото Бачев.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО