Баба Божана до Богдановиќ: Да не беше негувателката Соња, зимава немаше кој да ни купи леб и лекови

Од:

95-годишната Митра е тешко подвижна и има сериозни проблеми со бубрезите.

„Младите ни побегнаа во странство и ако не е грижата од општина Центар не знам како ќе се снајдам и ќе преживеам. Градоначалниче многу сум ви благодарна“, му порача баба Митра на градоначалникот Саша Богдановиќ кој денеска и го врачи Решението за нега во домашни услови.

Втора година таа е вклучена во проектот „Центар се грижи за возрасните“, исто како и 78-годишната Божана која е тешко подвижна со две операции на очи и вештачко рамо. Тешко подвижен е и нејзиниот сопруг Ефтим кој има 81 година.

„Да не беше негувателката Соња зимава немаше кој да ни купи леб и лекови“, вели баба Божана.

„Тие се наши родители на кои им должиме се во животот, тие не воспитуваа и негуваа и сега ние треба да им се оддолжиме. Наша задача е да се грижиме за возрасните во нашата општина“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Возрасните лица во општина Центар и оваа година добиваат нега од сертифицирани негуватели. Проектот е збогатен и со помош од медицинска сестра и физиотерапевт. Со проектот се опфатени 90 лица, жители на Центар со возраст над 60 години.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила