Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Од:

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница е донесена одлука со која ќе се овозможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата.

– Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше констатирана лошата состојба и недостиг на гориво за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие при што Владата се вклучи во решавање на овој проблем. Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, изјави по вонредната седница портпаролката на Владата Венера Љатифи Азизи.

Со ова, како што појасни таа, се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.

– Денес меѓудругото Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај, посочи Љатифи Азизи.

Во главниот град веќе втор ден сообраќаат само околу 30-тина автобуси поради недостиг на нафта.

Би можело да ве интересира

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут