А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Авторитарниот курс на македонската влада ја загрозува интеграцијата во ЕУ

by А1он04/03/2015 - 16:5905/03/2015 - 02:22200
Share0

Интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО е загрозена поради авторитарниот курс на Владата, вели за Дојче Веле, Клаус Бремих, пратеник на ЦДУ, партијата на Ангела Меркел кој присуствуваше на денешната седница во Бундестагот за Македонија Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг денеска зад затворени врати расправаше за политичката криза во Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратеникот на владејачката конзервативна ЦДУ во германскиот Бундестаг Клаус Бремих во разговор за Дојче Веле ги пренесува своите и оценките изнесени на денешната седница за состојбата во земјата.

– Според она што го гледам и според презентираните извештаи политичката состојба во Македонија станува се понепрегледна и растечки нестабилна. Актуелниот развој, како што се конфликтите меѓу владата и опозицијата, проблематичните меѓуетнички односи меѓу Македонците и Албанците, намалувањето на слободата на печатот, даваат причина за голема загриженост. Притоа, кај нас постојано доаѓаат извештаи за силно корумпирани структури. Овие сознанија беа презентирани и на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот“, рече Клаус Бремих.

-Како што реков и погоре, авторитарниот курс на Владата ја загрозува интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО. ЕУ извештаите за напредокот на Македонија во моментот не констатираат зрелост за пристап. Внатрешно-политичките реформи и враќањето кон процесот на демократизација се највисок приоритет за земјата, изјави за Дојче Веле пратеникот Клаус Бремих.

Следете a1on на Youtube YouTube
eu

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он09/11/2026 - 17:3009/11/2026 - 16:55

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он06/11/2026 - 20:24

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Горан Наумовски06/11/2026 - 08:57

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Горан Наумовски05/11/2026 - 22:23

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски05/11/2026 - 15:3005/11/2026 - 15:34

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Горан Наумовски04/11/2026 - 22:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео