Автомобил удри во дете во Сарај, 10 сообраќајки за 24 часа во Скопје

Од:

Деветгодишно дете се здоби со тешки телесни повреди  откако вчера околу пладне на ул. „1“ во село Сарај во него удри автомобил „цитроен“,  управуван од жител на село Глумово.

Со возило на Брза помош повреденото дете е пренесено во ГОБ „8 Септември“ каде што се констатирани тешки телесни повреди.

Сообраќајната незгода во Сарај е една од 10-те регистрирани на подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа. Од нив, три се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, четири сопатници и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција откри и санкционираше поголем број прекршоци. Преземени се 146 репресивни мерки за прекршоци по различни основи од кои 43 за брзо возење, односно не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата од кои 17 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Санкционирани се и седум возачи кои ги управувале возилата под влијание на алкохол, осум возачи кои го користеле мобилниот телефон при возење, осум кои возеле со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, како и возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на семафорите.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира и едукативна работилница во детската градинка „Весели цветови“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода. За денеска не се најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

За време на претстојниот викенд има најава за два вонредни настани коишто би влијаеле на одвивањето на сообраќајот. Едниот е најавен за в сабота, на 21 јуни, со почеток во 21 часот, на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одржи концерт на Жељко Јоксимовиќ. Според најавите, интересот на граѓаните за присуство е голем поради што сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Во недела, на 22 јуни, во рамките на одбележувањето на „Недела за поголема безбедност на мотоциклистите“ ќе се одржи дефиле на кое  ќе учествуваат голем број возачи на мопеди и мотоцикли од целиот град. Стартот на ова дефиле ќе биде во 10 часот на плоштадот „Македонија“ од каде по сообраќајниците низ општините Карпош, Центар и Аеродром учесниците на дефилето ќе се движат во услови на затворен сообраќај, односно од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат соодветни мерки за сообраќајно обезбедување при што ќе се обезбеди приоритет на минување на учесниците во дефилето на сите крстосници.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Петмина повредени во сообраќајка на три возила близу Кичево

Тешка сообраќајка кај Зеница: Се судрија автобус и камион, загина возач

Горан Наумовски

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

Петмина повредени во сообраќајка кај струшкото село Радожда