Автомобил слета во Луда Мара во Ваташа, повреден 17-годишник

Од:

Седумнаесетгодишник бил повреден попладнево откако автомобилот кој го управувал паднал од мост во реката Луда Мара, на патниот правец Кавадарци-Мушов гроб, на излез од селото Ваташа.

Информацијата за МИА ја потврди Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес.

– Возилото марка „лада самара“ со скопски регистарски таблички било упавувано од 17-годишен возач од Кавадарци, кој се движел во правец од Кавадарци кон месноста Моклиште. На критичното место, на излез од селото Ваташа со возилото излетал од мостот, при што се здобил со телесни повреди. Во возилото имало уште четворица малолетници. Причина за незгодата е неприлагодување на брзината на движење кон усповите на патот. Патничкото возило е со измината важност на регистрација, а возачот го управувал возилото пред да се стекне со право на управување на моторно возило, информира Каракулев.

По овластување на јавен обвинител од Велес, увид на местото изврши увидна екипа на Полициската станица од општа надлежност Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски