Автомобил прегази пешак кај струмичко Ново Село

Од:

Осумдесет и тригодишниот Драго Тасев, жител на струмичко село Ново Коњарево, вчера вечер загинал во сообраќајна несреќа, што се случила околу 19 часот, на магистралниот пат кон Ново Село, објави Плусинфо.

Возачот откако удрил во старецот, побегнал од местото на несреќата, но, во текот на ноќта сам се пријавил во полициската станица во Струмица.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Струмица, на хируршкото одделение, во бесвесна состојба, при што лекрите се обиделе со брза интервенција да го реанимираат, но, не успеале, по што тој починал.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип