Автомобил излета од регионалниот пат Куманово – Липково, загинa 19-годишно момче

Од:

МВР извести дека вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во липковското село Оризаре, возило „опел зафира“ управувано од Р.А.(21) од село Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот.

Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт.

Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски