Автомобил изгоре на патот Делчево – Македонска Каменица

Од:

Запалено возило денеска околу 15:00 часот предизвика краток прекин во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, пред село Луковица. Очевидци информираа за голем пламен што можел да се забележи во околината на запаленото возило.

– Несреќата ја забележавме додека возевме во правец од Македонска Каменица кон Делчево. Возилото од марката Ауди 80 целосно беше во пламен и се наоѓаше на десната страна од коловозната лента, додека возачот и патниците беа надвор од автомобилот, информираа очевидци.

Како што додаваат, надвор од возилото имало вкупно четири лица кои разговарале на телефон и најверојатно барале помош истото да биде отстрането од коловозот. Од Територијалната противпожарна и полицијата во Македонска Каменица информираат дека случајот не е пријавен кај нивните дежурни екипи кои денес биле на работа.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес