Автобусите за Средно Водно со нов возен ред

Од:

Од Град Скопје информираат дека поради големиот интерес, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно ќе се сообраќаат според нов возен ред и ќе бидат почести, односно ќе тргнуваат на половина час.

Пробната линија со број 25А сообраќа на релација: Автомакедонија (Стара железничка станица) – Средно Водно, по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.

Пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата Дом на печат – Средно Водно, по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.

Градот Скопје од минатиот викенд воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која ќе важи секој викенд и за време на државните празници. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

Би можело да ве интересира

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Одржан состанок за спречување на појава за слечиште на Водно, од Владата побарано да се интервенира на приватен имот