• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Автобусите утре во Скопје редовни, в четврток по саботен возен ред

by А1он28/11/2023 - 11:01804
Share0

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска од 9 до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, додека утре, за време на одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ, јавниот превоз ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред, а во четврток автобусите ќе возат по саботен возен ред.

Добивај вести на вибер

Изменети траси денеска до 12 часот имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118, а посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линиите 8 и 15А од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, а посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линиите 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линиите 18, 21А и 118 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

Сите билетарници и центри за персонализација во среда ќе работат од 6:30 до 13 часот, а во четврток нема да работат, додека жичарницата сите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

Од ЈСП ќе дадат додатни информации во текот на денот во врска со дополнителни измени кои можат да следат околу возниот ред на јавниот превоз во Скопје, за време на траење на Самитот на ОБСЕ.

jsp skopjeobse samit

Би можело да ве интересира

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 10:57

Јавниот превоз ќе се одвива по неделен распоред, со исклучок на 10 линии

Горан Наумовски19/01/2026 - 07:2619/01/2026 - 07:28

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 08:34

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он06/10/2025 - 19:17

ЈСП има нафта уште за денеска

Катерина Ѓуровски23/09/2025 - 10:00

Ќе се набават на 120 еколошки автобус, 80 ќе се за ЈСП „Скопје“

Горан Наумовски01/04/2025 - 15:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен