Автобусите утре и во сабота ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од:

Поради верскиот празник Рамазан Бајрам, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, информираат денеска од ЈСП „Скопје“.

– Жичарницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу, додаваат од претпријатието.

Автобусите и во сабота ќе возат по неделен возен ред, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата.

Би можело да ве интересира

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он

ЈСП има нафта уште за денеска

Ќе се набават на 120 еколошки автобус, 80 ќе се за ЈСП „Скопје“

Автобус на ЈСП удри старец, состојбата му е критична

ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот