Автобусите од јавниот превоз утре од 5 до 15 часот, во полицискиот час нема да возат

Од:

Јавниот превоз од утре, сабота (25 април) од 15 часот до понеделник (27 април) до 5 часот, нема да функционира. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Автобусите од јавниот превоз утре, сабота, 25 април, ќе сообраќаат од 5 до 15 часот, по саботен возен ред.

Термините за поаѓањето на автобусите може да се видат на вебстраницата www.jsp.com.mk.

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје. Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар, информираат од ЈСП Скопје.

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ