Автобусите на пробните линии до Средно Водно со зачестен возен ред

Од:

Автобусите на пробните линии до Средно Водно од денеска ќе возат по нов, зачестен возен ред и ќе тргнуваат на половина час, најави Град Скопје.

Новиот возен ред на линиите 25А и 25Б, како што информира Град Скопје, е направен поради зголемениот интерес на граѓаните.

Двете пробни линии беа воведени со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните откако Град Скопје воведе забрана за движење на возила на патот до Средно Водно секој викенд и за време на празници.

Покрај овие две автобуски линии, граѓаните можат да ја користат и постојната автобуска линија, односно линијата со број 25 до Средно Водно.

Од Град Скопје истакнуваат дека возењето на трите автобуски линии на почетокот ќе биде бесплатно.

Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Би можело да ве интересира

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски

На Водно се изгуби полски државјанин, започната е голема потрага по него

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно