Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат со саботен возен ред без временско ограничување

Од:

Од ЈСП информираат дека од утре јавниот превоз ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување.

Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk.

Од 6 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.
Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе работат билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара.
Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).

Од ЈСП потсетуваат дека и натаму не важат бесплатните средношколски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабоат и недела.

И натаму, укинати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели