Автобус со патници излета на патот Битола-Прилеп, има повредени

Од:

Патнички автобус утринава излетал од магистралниот пат Битола-Прилеп, кај селото Алинци. Возачот и тројца патници, меѓу кои и малолетник, се повредени.

Станува збор за автобус со албански регистарски таблици.

„На 26.06.2021 околу 06.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот. Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни поведи, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола“, велат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Битола. Непознати се причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он