ВИДЕО: Автобус излета во провалија на автопатот Скопје – Тетово

Од:

Патнички автобус кој се движел на релација од Скопје кон Тетово попладнево, околу 17 часот излетал од автопатот и се превртел во провалија.

Според информации од МВР, автобусот се превртел во близина на селото Ласкарци во општина Сарај.

Неофицијално, во несреќата се повредени повеќе патници, кои се пренесуваат во скопските болници. По превртувањето, околу 50 патници останале заклучени во автобусот и чекале да интервенираат спасувачките тимови.

Досега се ангажирани три амбулантни возила и неколку полициски тимови и приватен багер.

Полициски патроли го блокирале и обезбедиле местото на несреќата, а медицински екипи во Скопје се мобилизираат за да им пружат прва помош на повредените.

Според очевидци, причина за несреќата била експлозија на една од автобуските гуми.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево