Автобус излета од патот Берово-Виница, нема повредени

Од:

Автобус со патници излетал од коловозот на патот Берово-Виница, во близина на влезот од Виница. Досега не се пријавени повредени патници.

Полицијата информира дека причинета е помала материјална штета, а причините за несреќата се утврдуваат.

Според првичните информации, несреќата ја предизвикал автомобил кој  излегувал од бензинската пумпа „Елго“, кај местото викано Липечко поле, по што автобусот кој се движел од спротивна страна во обид да избегне судир со автомобилот излетал од коловозот, навалувајќи се во нивите до патот.

Сообраќајот на патот е регулиран од полициски службеници и нема застој.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски