А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Австриските медиуми за акцијата „Диригент“

by А1он11/01/2013 - 19:53162
Share0

Австриските медиуми со голем интерес ја проследија вчерашната прес конференција на директорите на македонската, австриската и германската полиција, д-р Љупчо Тодоровски, Франц Ланг и Андреас Роринг, што се одржа во Виена а посветена на последна заедничка полициска акција во рамки на операцијата „Диригент“ за сузбивање на нарко-трговијата во Виена, Франкфурт и други европски градови.

Добивај вести на вибер

Во репортажата на ОРФ, државната австриска телевизија, со исечоци од полициските активности на припадниците на МВР од 08 овој месец на подрачјето на Скопје, Велес и Куманово, се вели дека е пресечен уште еден опасен нарко-канал за трговија со дрога во Виена. Притоа во изјавата на директорот на сојузната крим полиција на Австрија генералот Ланг се посочува огромниот придонес и висок степен на професионализам на припадниците на македонската полиција кои во континуитет последниве две години заеднички со австриската полиција зададоа силен удар на виенските нарко-трафиканти.

Новинската агенција АПА потенцирајќи дека „македонската полиција и зададе удар на криминалната организација којашто ги снабдувала со хероин наркопазарите во Виена, Франкфурт но и други европски градови“, пренесува детали од акцијата во Македонија. Притоа се посочува дека разбиената криминална група во последниов период „успеала“ да покрива дури 70 проценти од виенскиот нарко пазар.

Истовремено се цитира изјавата на директорот Тодоровски дека криминалната организација висококвалитетниот хероин го набавувала од Турција, а потоа го транспортирале во Виена каде што бил дрогата била дистрибуирана за продажба.

Покрај ова АПА пренесува дека во заедничките полициски активности само на подрачјето на Виена од септември минатата година до денес се уапсени 18 лица, а запленети се вкупно 10 килограми хероин, еден и пол килограм кокаин, килограм марихуана како и парични средства (30.000 евра) а пак во Германија во истиот период биле уапсени 16 лица а запленети 5,5 килограма хероин.
Инаку вчера по прес конференцијата директорот на БЈБ Тодоровски беше примен и од австриската министерка за внатрешни работи Јоана Микл Лајтнер.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 08:51

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен