Австриски полицаец со службена кола учествувал во сообраќајка во Гевгелија, повредена е девојка

Од:

„На 05.07.2021 во 15.00 часот било пријавено дека во Гевгелија, на крстосницата од ул.„Таља Бикова” со ул.„Маршал Тито”, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Транспортер“, со австриски национални ознаки, сопственост на австриската полиција, управувано од С.О.(26), полициски службеник од Р.Австрија и патничко возило „Опел Мерива“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(38) од Гевгелија“, соопшти МВР.

Во незгодата со повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија, се здобила малолетна сопатничка од Гевгелија од возилото „опел мерива“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на Полициската станица Гевгелија, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба