Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

Од:

„Во изминатиот мандат токму Левица беше најактивната политичка партија во Советот на Општина Охрид и најгласен застапник на интересите на граѓаните”, истакна носителката на советничка листа на Левица во Општина Охрид, Виолета Аврамоска, на средбата со граѓани во Охрид на која присуствуваа претседателот нa Левица, Димитар Апасиев, пратеничката Јована Мојсоска, и останатите кандидати за советници.

„На нашата советничка листа има повеќе кандидати жени отколку мажи – 12 жени и 11 мажи. Тоа е доказ дека жената не сака да биде само нем набљудувач на локалните политики, туку и активен креатор“ – изјави Аврамоска.

Таа потсети дека Левица во изминатите четири години била единствената партија што редовно поднесувала иницијативи до Советот со цел решавање на конкретни проблеми на граѓаните.

„Од иницијативите кои се реализираа, посебно значајна е онаа за отворање на простор за деца со церебрална парализа во објект во поранешната касарна. Бевме најактивната политичка партија која на таков начин дејствуваше во Советот на Општина Охрид, за разлика од некои советници на кои четири години ни гласот не им го слушнавме“ нагласи таа.

Аврамоска додаде дека Левица ќе продолжи со истото темпо и во новиот мандат, со цел, како што рече, „да се врати вистинската смисла на локалното претставување и да се слушне гласот на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски