АВМУ: Претставниците на институциите треба да вложат максимални напори да им обезбедат информации на медиумските работници

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагира на „непрофесионалниот однос на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров, кој за време на прес конференција одби да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски“.

– Претставниците на институциите треба да вложат максимални напори да им обезбедат информации на медиумските работници, особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста. Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи, велат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми