АВМУ: Политичарите да се воздржат од омаловажување, дискредитирање и етикетирање на новинари

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на пратеникот и лидер на политичката партија Левица, професор Димитар Апасиев кон новинарките Габриела Димковиќ – Мишевска и Мери Јордановска.

„Имајќи предвид медиумите се еден од стожерите на демократијата и како такви треба да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и закани, сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, дискредитирање и етикетирање на новинари. Надзорот на јавноста е еден од темелите на слободата на политичка дебата и носителите на функции може да бидат предмет на силна јавна критика преку медиумите поради што, тие, наместо да користат непримерна комуникација треба да бидат свесни за за тежината и одговорноста за секој искажан збор,“ се вели во соопштението.

Агенцијата уште еднаш потсетува на неопходноста од почитување на европските стандарди за слобода на информирање и апелира да не се употребува јазик којшто може да ги поткопа овие вредности,“ стои во реакцијата од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми