АВМУ: Можноста за санкционирање поради искажано негативно мислење остава простор за злоупотреба и казнување на медиумските професионалци

Од:

Во врска со Предлог-Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој е во прва фаза на читање во Собранието на РСМ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека повикувањето на одговорност за изразено „негативно мислење“, на начинот на којшто е дефинирано, е спротивно на сите демократски практики и може да предизвика медиумско самоцензурирање.

– Можноста за санкционирање поради искажано негативно мислење остава простор за злоупотреба и казнување на медиумските професионалци. Новинарите се гласот на јавноста и тие честопати при вршење на својата работа упатуваат критика за одредени политики или појави во општеството и на тој начин поттикнуваат јавна дебата и придонесуваат за поголема одговорност, отчетност и транспарентност на претставниците на власта. Правото на слобода на изразување е уставно загарантирано право и истото е гарантирано и со Европската конвенција за заштита на човековите права. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт, се вели во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола